Google Clock надградбата пристигнува за Pixel Tablet со нови алатки

Објавено на 13.10.2022 во Android



Google Clock надградбата пристигнува за Pixel Tablet со нови алатки

Google Pixel Tablet е резервиран за следната година, а Google веќе прави некои прилагодувања за апликациите на уредот. Сите апликации ги редизајнира за поголем екран. Благодарение на твитот од Mishaal Rahman (via Android Police), се открива дека Google Clock апликацијата се спрема за Pixel Tablet, односно 7.3 верзијата, која што е моментално достапна во Play Store.

Rahman вели дека надградената Clock апликација ќе има оптимизирана верзија за таблет за алармот и тајмерот. Ќе бидат полесно достапни, со тоа што ќе добивате пристап кон нив со едноставно тапнување на скрин сејверот на часовникот. Така ќе може алармот да се сетира за специфична дата, наместо да се сетира само за кои денови од неделата да ве буди. Така, ако сте слободни некој ден, на пример следниот понеделник на 17 октомври, може специјално за тој ден да го исклучите будилникот да не ве разбуди. 

Ако сакате да проверите која верзија на Google Clock апликација ја имате, одете во Settings > Apps > See all xxx apps > Clock. Одете најдолу, таму пишува која верзија на Clock апликацијата ја користите, најновата верзија е 7.3.