Samsung го претстави развојот на SmartThings и воведува нови кориснички искуства на SDC22

Објавено на 15.10.2022 во Android



Samsung го претстави развојот на SmartThings и воведува нови кориснички искуства на SDC22

Samsung Electronics оваа недела во Сан Франциско ја одржа својата годишна конференција за програмери на Samsung (SDC), соединувајќи ги програмерите, креаторите и дизајнерите за да го истражат совршеното, поврзано искуство.

На настанот, Samsung ја истакна својата посветеност за создавање поедноставни, револуционерни кориснички искуства, вклучувајќи ја и проширената визија на компанијата за платформата SmartThings, која се развива од платформа за поврзување во алатка која овозможува попаметен начин на живот. Од поголема интеграција со помошникот Bixby до беспрекорно поврзување со уредите компатибилни со протоколот Matter, SmartThings создава побогат, поотворен свет кој им овозможува на сите корисници полесно да ги поврзат своите уреди и нивниот секојдневен живот.

„Ние во Samsung постојано воведуваме иновации во нашите уреди, платформи и услуги за да ги направиме поедноставни и поудобни за користење. Горд сум што ја претставувам новата генерација на нашата работа, како што е SmartThings, за идна соработка со партнери и програмери“, изјави Јонг-Хи Хан, потпретседател, извршен директор и шеф на Samsung Device eXperience. „Како што технологиите стануваат покомплексни, ние секогаш бараме начини да го направиме животот полесен, поповрзан и пофлексибилен, за нашите корисници да можат да се фокусираат на она што е најважно“.

 

Поврзување платформи и уреди преку технологијата Calm

Визијата на Samsung за совршено поврзување е инспирирана од филозофијата на технологијата Calm - каде уредите веднаш почнуваат да работат заедно, така што корисниците можат да заштедат време при поставувањето и може да почнат да го користат уредот веднаш. За да ја реализира таа визија, Samsung ја подобри платформата SmartThings и нејзините поврзани услуги и партнерства, вклучувајќи го и Samsung Hub Everywhere, проширувајќи го својот капацитет за да вклучи цел паметен дом со аудио и визуелни податоци, како и потрошувачка на енергија SmartThings, грижа за миленици SmartThings и SmartThings функции за готвење. Samsung исто така соработуваше со брендот Philips Hue за да го интегрира Philips Hue Sync директно во Galaxy уредите, така што паметното осветлување на домот може да се синхронизира со музика.

Совршеното искуство оди подалеку и одSamsung еко системот низ интеграција на платформата SmartThings со Matter протоколот и Samsung членството во Сојузот за домашно поврзување. Google и Samsung соработуваат за да им овозможат на корисниците да ги пронајдат и да ги поврзуваат своите уреди на платформи преку развивање на функција за повеќе администрации на уредите Matter. Оваа соработка ќе значи повеќе паметни домашни уреди и корисници во иднина.

Bixby е подлабоко интегриран со платформата SmartThings, алатка за програмерите да можат да развијат поинтелигентен гласовен кориснички интерфејс. Како гласовен асистент на Samsung, Bixby стана решение VI во уредот што може да контролира поединечни Galaxy уреди, како и користење на повеќе уреди низ екосистемот Samsung. Со новото Bixby Home Studio, програмерите сега можат да развијат оригинални, сопствени начини за користење на платформата SmartThings.

Како што паметниот дом станува понапреден, Samsung воведува нова безбедносна парадигма која им овозможува на уредите Samsung да се заштитат едни со други. Samsung Knox Matrix1 е приватна платформа базирана на блокчејн која ги претвора компатибилните уреди на Samsung во штит за заштита на целиот екосистем на уреди на корисникот - од уреди Galaxy до телевизори и домашни апарати. Покрај тоа, корисниците можат да ги приспособат поставките за лична приватност со нова контролна табла за безбедност и приватност, која скенира за пропусти, препорачува безбедносни подобрувања и им обезбедува на корисниците опции за управување со податоци со фокус на приватноста и безбедноста.

Твојот Galaxy - на твој начин со One UI 5

Со воведувањето на новиот One UI 5, Samsung им овозможува на корисниците лесно да го приспособат изгледот и чувството на нивните уреди, истовремено подобрувајќи ја продуктивноста и обезбедувајќи неверојатно искуство низ уредите и платформите. One UI 5 носи поперсонализирано искуство со вградените режими и рутини и динамичен заклучен екран кој обезбедува повеќекратни прегледи на вашиот телефон, Galaxy Watch и другите уреди со One UI 5. Со новата функција за пораки и повици на Bixby, асистентот на Bixby ќе одговара на повиците во ваше име и ќе споделува напишани пораки со повикувачот, зборувајќи гласно како да сте одговориле. One UI 5, исто така, воведува нови дневни здравствени решенија за следење на податоците за здравјето и благосостојбата на едно место. Комерцијалниот здравствен SDK пакет на Samsung им овозможува на програмерите да развиваат апликации што користат биоактивен сензор на Galaxy Watch.2

Инвестиции и истражувања за иднината

Истражувачкиот оддел на Samsung гледа кон иднината и воведува новини за подобро утре, полно со неисцрпни иновации и отворена соработка. Одделот исто така го сподели својот код за контрола на роботска рака на GitHub, дозволувајќи им на академиците, истражувачите и програмерите да истражуваат нови идеи за контрола на роботи.

Тимот на Samsung Research Division исто така беше инспириран од новите велнес карактеристики што Samsung ги воведе, особено на Galaxy Watch5. Тимот соработува со универзитети и здравствени институции во области како што се здравјето на срцето, стресот, крвниот притисок, здравјето на белите дробови и невронауката за да утврди како овие функции се применуваат во пракса. Затоа Samsung нуди комплетен SDK пакет - Samsung Health Package - кој ќе ги поттикне и поддржи истражување во основните области на здравјето и ќе иницира нови случувања.

Достапноста на горенаведените производи и услуги на различни пазари може да варира.

1 Веќе на крајот на 2023 година, Samsung Knox Matrix прво ќе биде достапен на одбрани уреди на Samsung. Поддршката за производи од трети страни ќе следи подоцна.

2 Достапно на Galaxy Watch4 и Galaxy Watch5.

Автор: Aleksandar Stankov