Apple AirTag се користи и за следење на лица со деменција

Објавено на 18.10.2022 во iOs



Apple AirTag се користи и за следење на лица со деменција

Apple AirTag е мал уред направен за да им овозможи на корисниците да ги следат своите нешта, односно да ги пронајдат во случај на нивниот губиток. На почетокот AirTag се покажа како доверлив уред, на кој што навистина можете да се потпрете во случај да изгубите клучеви, паричник и слично, но се покажа дека AirTag може да се употреби и за следење на надзорот на лицата.

Забележан е случај на убиство поврзан со следење на лица преку тој уред. Освен наоѓање на изгубени и украдени нешта, AirTag се почесто се користи и за следење/наоѓање на луѓе со деменција. Постојат опции и за следење преку мобилниот телефон, но во пракса се покажало дека луѓето со деменција понекогаш ги забораваат своите телефони дома. Ретко ги забораваат клучевите и новчаниците и токму во нив може да се постави овој уред. Со оглед на тоа што AirTag има цена од 30 долари, значи дека е многу поевтин во споредба со некои други достапни решенија.