NASA објави неверојатна фотографија со природни феномени

Објавено на 19.10.2022 во Вселена



NASA објави неверојатна фотографија со природни феномени

Астронаут од Меѓународната вселенска станица (ISS) снимал необична фотографија од орбитата на Земјата. На фотографијата се гледаат два сини извори на светлина, кои светат во атмосферата на нашата планета. Иако изгледаат мистериозно, тие во реалноста се два неповрзани природни феномена, кои случајно се појавиле во исто време.

Фотографијата ја снимал неименуван член на екипажот од екипажот „Експедиција 66“, додека ISS поминувал над Јужното кинеско море, а NASA ја објавила на 9 октомври, оваа година.