Netflix најави опција за да го намали споделувањето на лозинки

Објавено на 19.10.2022 во Новости



Netflix најави опција за да го намали споделувањето на лозинки

Netflix најави дека околу 100 милиони домаќинства во светот, го користат бесплатно нивниот видео сервис, односно се споделуваат профили со лицата што плаќаат месечна претплата. Падот на бројот на корисници и зголемената конкуренција го направија своето.

Така Netflix одлучи да ги притисне корисниците што бесплатно гледаат серии и филмови и така најави борба против споделување на лозинки. Оваа недела од компанијата ја претставија новата опција "Profile transfer", која што означува еден од чекорите токму кон таа забрана за споделување на лозинки.

Netflix со таа опција овозможува на корисниците да го префрлат својот профил на нова претплата и ново корисничко име. Новата опција на Netflix започна од почетокот на 2022 во Чиле, Костарика и Перу.