CopyCat малверот зарази 14 милиони Android-и!

Објавено на 11.07.2017 во Новости



CopyCat малверот зарази 14 милиони Android-и!

Милиони Android-и се заразени со малверот CopyCat, со кого хакерите заработиле 1,5 милиони долари. Check Point, компанијата за безбедност на интернет, вели дека CopyCat инфицирал најмногу мобилни уреди во југоисточна Азија и САД. Вирусот активира апликации со кои ги контролира буквално сите ваши активности на телефонот.

Со целата низа апликации што ги лансира, вирусот остварува голем профит. Аdware програмите што ги инсталира CopyCat, крадат чувствителни информации од жртвите, по што се препродаваат. Најмногу заразени уреди има од Android 5 и постарите верзии, кај кои има многу безбедносни пропусти. Google веднаш реагирал и лансирал закрпи, но дури 64% од корисниците на Android не ги инсталирале, што значи дека се уште се ранливи.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}