Motorola ќе лансира нови Razr модели во 2023

Објавено на 21.10.2022 во Преклопни уреди



Motorola ќе лансира нови Razr модели во 2023

Според ликстерот Иван Блес, Motorola ќе лансира неколку Razr модели во 2023 година. На Twitter тој напишал дека Motorola ги има кодните имиња Juno и Venus за Razr моделите од 2023. Razr 22 го има кодното име Maven.

Razr 22 е достапен со 8GB + 128GB меморија, 8GB + 256GB меморија и 12GB + 512GB меморија. Задната камера располага со 50MP + 13MP сензор и 32MP селфи камера. Големината на внатрешниот дисплеј се зголемил на 6.2-инчен преклопен екран и поголем 6.7-инчен P-OLED (plastic OLED) дисплеј, со резолуција од 1080 x 2400 пиксели.

Motorola го зголемува капацитетот на батеријата до 25%, на 2800mAh кај Razr 5G или 3500mAh кај Razr 22, а полнењето на батеријата ќе биде 33W.