Европа официјално усвои еден полнач за сите уреди од 2024 година

Објавено на 25.10.2022 во Android



Европа официјално усвои еден полнач за сите уреди од 2024 година

Поголемиот дел од Европската Унија даде конечно одобрение за задолжително воведување на еден полнач за мобилни и други уреди од 2024 година. „Веќе не треба да купуваме полнач секој пат кога ќе купите нов мобилен или сличен уред. Компатибилниот полнач со повеќе уреди ќе ви заштеди пари и време и ќе придонесе кон намалување на електронскиот отпад“, изјавил Џозеф Сикел, чешкиот министер за индустрија и трговија.

Директивата за единствен полнач го воведува USB-C како стандарден влез за полнење на електронски уреди во Европската унија. Од 2024 сите уреди како што се мобилни телефони, таблети, е-читачи, дигитални камери, конзола за видео игри, слушалки, ќе мора да имаат влез USB-C, што значи дека сите ќе може да се полнат со истиот полнач.