До 2025 Subaru планира да развие комплетна технологија за автономно возење

Објавено на 25.10.2022 во Електричен погон



До 2025 Subaru планира да развие комплетна технологија за автономно возење

Subaru ќе се фокусира на автономното возење. До 2025 година, компанијата планира да ја заврши технологијата со која што ќе може да управуваат автомобили, дури и кога компјутерите целосно ќе изгубат поврзаност со серверите и податоците. 

Технологијата е веќе имплементирана во некои модели на Outback и Legacy (возилата имаат поддршка за 4G) и се тестира на полигони. Планот на Subaru е серверите константно да собираат податоци за позицијата на возилата, со цел да ги предвидат нивните движења десет секунди однапред и податоците да ги испраќаат кон автомобилот, со цел да ја прилагоди нивната брзина и движењето.