Основачот на Twitter развива нова апликација што ќе му конкурира на Twitter

Објавено на 27.10.2022 во Новости



Основачот на Twitter развива нова апликација што ќе му конкурира на Twitter

Иднината на Twitter и понатаму е под знак прашалник. Илон Маск постојано го менува мислењето и очигледно сака да се извади од мрежата на Twitter, во која што самиот се заплетка.  Bluesky ќе биде новата апликација што ќе биде конкурентна на оваа мрежа, а неодамна започна тестирањето.

Лансирање на новата апликација се очекува наскоро, а интересно е тоа што нејзиниот развој започнал во самиот Twitter. За време на пандемијата е започната нова платформа во Twitter, во која што Twitter нема никаков удел, туку била во сопственост на девелоперите, кои што се здружиле со непрофитна иницијатива.

За развојот е најмногу заслужен еден од основачите на Twitter и долгогодишниот директор, Џек Дорси. Bluesky е апликација изработена со децентрализиран протокол, каде што корисничките податоци би биле безбедни од влијание на државата, кои што ќе бидат контролирани исклучиво од корисниците, наместо корпорациите што ги комерцијализираат.