Зошто е штетно да гледате во телефонот пред спиење?

Објавено на 12.07.2017 во Новости



Зошто е штетно да гледате во телефонот пред спиење?

Според повеќе медицински истражувања ноќното користење на телефонот пред спиење е многу штетно бидејќи негативно влијае на работата на хормонот мелатонин со што се намалува нашата способност да памтиме, учиме и да се фокусираме.

Наместо да влегуваме во фаза на одмор и спиење, кога се успорува и стопира производството на мелатонин, хормонот кој му препорачува на мозокот дека е време за спиење, ние остануваме будни целосно несвесни за времето кое поминува.

Сметајќи му на производството на мелатонин, светлото на мобилниот на спиењето и распоредот. Поради тоа покасно тешко ќе заспиете и тешко ќе спиете, што може да води до бројни проблеми со здравјето, пишува „Business Insider“.

Еве како се може да ни штети светлото од мобилниот телефон:

- Долгото гледање во мобилниот го намалува бројот на трепнувања и предизвикува напор на очите, поради што тие може да бидат иритирани, суви и општо ќе имате чувство на сметање во очите.

- Сметањето на спиењето ја влошува меморијата и работата во текот на следниот ден.

- Светлото на мобилниот може да ги попрекува и хормоните кои го контролираат гладот. Се тоа е поврзано со пречките на работата на хормонот мелатонин.

- Долгорочно, намалувањето на сонот може да води води до собирање на неуротоксини поради што се потешко и потешко ќе заспивате.

- Поради лошото спиење потешко памтиме и учиме.

- Постои поврзаност помеѓу изложувањето на светло навечер и лошиот сон со зголемен ризик од рак на дојката и простата.

- Луѓето кај кои нивоата на мелатонин се намалени и чиј биолошки часовник е пореметен се посклони на депресија.

- Ако се обидувате да се концентрирате на нешто, присутноста на мобилниот го намалува вашиот когнитивен капацитет и способност за фокусирање, покажаа истражувањата.

Google и Apple лансираа ноќни режими на работа на нивните оперативни системи за намалување на отсјајот на бела светлина од екраните со потемни бои кои треба да ги одморат очите.
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}