Инженерите за роботика ги направиле најбрзите чевли на светот - Moonwalker

Објавено на 29.10.2022 во Новости



Инженерите за роботика ги направиле најбрзите чевли на светот - Moonwalker

Инженерите за роботика претставија нешто што го развиваат за најбрзите чевли на светот, т.е. облека дизајнирана со осум тркала, кои што ја зголемуваат брзината на одењето за неверојатни 250%.

Името на новите чевли е Moonwalker, а функционираат така што се врзуваат за вашите патики и ве туркаат напред со помош на минијатурни електрични мотори, придвижени од тркала со тегови, имитирајќи ги ролерките.

Станува збор за иновација на тим од инженери од роботската компанија Shift Robotics. Основачот на компанијата Xunji Zhang, еден ден одлучил да го подобри одењето кога си заминувал од работа, а не да го замени со нешто друго. Дотогаш одел на работа со скутер, а тој ден за малку ќе го удрел автомобил. 

Автор: Aleksandar Stankov