Видео игрите влијаат позитивно кај децата и младите

Објавено на 30.10.2022 во Игри



Видео игрите влијаат позитивно кај децата и младите

Видео игрите често се обвинуваат дека негативно влијаат врз децата и младите. Истражувањата се почесто докажуваат дека умереното играње на видео игри во детството и младоста може да има и позитивни последици врз развојот на младите мозоци.

Последното такво истражување во низа, објавено во Journal of the American Medical Association, открива дека играњето на видео игри може да има позитивно влијание врз когнитивните вештини кај децата.

Авторот на истражувањето, Bader Chaarani, појаснува дека се утврдува дека децата што играат игри по три или повеќе часа дневно, имаат подобра развиена контрола за импулси и работна меморија од децата што не играат видео игри. Освен тоа, се забележува дека мозокот се менува во областите што се однесуваат на видот, вниманието и обработката на сеќавањата.