ЕУ донесе одлука, после 2035 нема да се продаваат возила на горива

Објавено на 31.10.2022 во Електричен погон



ЕУ донесе одлука, после 2035 нема да се продаваат возила на горива

Преговарачите на Европската унија и Европскиот парламент, постигнаа договор во четвртокот навечер за законот што предвидува престанок на продажба за нови возила со мотор на внатрешно согорување од 2035 година. Овој договор го отвара патот за модерна и конкуретна автомобилска индустрија во Европската унија.

„Светот се менува и ние мора да останеме предводници во иновациите“, изјавил чешкиот министер за индустрија и трговија, Џозеф Сикел. 

Енергетската криза би можела да ја забрза транзицијата кон обновливи извори на енергија. Постигнат е договор дека до 2030 година, за 55% да се намали емисијата на јаглерод диоксид од новите автомобили, а за 50% за камионети во однос на количината од 2021 година и до 2035 година треба да се постигне нулта емисија и за новите автомобили и за камионетите.

Автор: Aleksandar Stankov