Сузбивањето на пандемијата прави проблеми во испораката на iPhone

Објавено на 01.11.2022 во iOs



Сузбивањето на пандемијата прави проблеми во испораката на iPhone

Foxconn ги склопува поголемиот број на iPhone телефони што се испорачуваат низ цел свет. Погонот во Женгжоу вработува околу 200 илјади работници, а минатите денови го затресе незадоволството од работниците поради строгите мерки за сузбивање на covid.

На 19 октомври, Foxconn им забрани на вработените оброк во кантините. Компанијата им наложи да јадат само во спалните, со тоа што нема да има ниту прекин во производството. Foxconn изјави за Ројтерс дека ситуцијата полека ја става под контрола и дека ќе ги координира резервните производни капацитети, со цел да ги намали евентуалните последици. Apple не ги коментира проблемите со производството во Foxconn, но очигледно е дека ако продолжи вака, ќе има големо доцнење во испораката на iPhone

Автор: Aleksandar Stankov