Кристијано Роналдо изгуби над 2 милиона следбеника на Инстаграм

Објавено на 01.11.2022 во Новости



Кристијано Роналдо изгуби над 2 милиона следбеника на Инстаграм

Инстаграм вчера избриша многу лажни профили, па затоа оваа одлука влијаеше и врз бројот на следбеници на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.

Глобалните медиуми пренесуваат дека Роналдо поради ваквата одлука на Инстаграм изгубил над 2.000.000 следбеника.Се разбира, сите профили што ги снемало од групата на следбеници кај Роналдо биле лажни. Очигледно е дека компаниите што бараат следбеници за оние што плаќаат, собираат многу профили што се лажни.