Google потрошил 100 милиони долари за да му конкурира на TikTok

Објавено на 02.11.2022 во Новости



Google потрошил 100 милиони долари за да му конкурира на TikTok

TikTok за кратко време ќе стане конкурент на најголемите платформи во светот. TikTok со своите кратки видеа е голем конкурент за Google, т.е. YouTube. YouTube затоа веќе го претстави краткиот облик на видеа, наречен Shorts, со кој што сака да преземе дел од корисниците на TikTok.

Google ја купил и компанијата Alter, која што се фокусира на креирање аватари, односно создавање на виртуелен идентитет со вештачка интелигенција. За овој проект Google вложил 100 милиони долари. Компанијата е основана во 2020 година како Facemoji, а интересно е тоа што еден од инвеститорите во неа бил и Twitter. Google веќе потврдува  дека го презема Alter, но се уште јавно официјално не напиша колку пари го купи Alter.

Автор: Aleksandar Stankov