Samsung Galaxy S23 излегува порано во 2023 година

Објавено на 06.11.2022 во Android



Samsung Galaxy S23 излегува порано во 2023 година

Samsung секоја година го претставува новото S-семејство на крајот на февруари, а за оваа година се прогнозира дека новите модели излегуваат на 17 февруари, 2023 година.  Тоа е едната верзија. Другата верзија е дека Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S23, S23+, и S23 Ultra во „првата недела од февруари“, следната година, со тоа што ќе се пушти во продажба 2 недели подоцна.

Доколку S23 биде презентиран на 17 февруари, петок, во 2023, тоа значи дека излегува во петок, на 25 февруари, истата година. Фактички, S23 овој пат ќе подрани во споредба со S22 линијата. Новите цени на Galaxy S23 серијата се очекува да не бидат видно различни од претходните. Samsung смета дека новата 200MP камера кај Ultra моделот и Plus верзијата ќе предизвика голем интерес кај Galaxy фановите и тоа ќе биде главниот адут против конкуренцијата во 2023.