Sony: Зголемените цени на PlayStation 5 немаат влијание врз побарувачката

Објавено на 08.11.2022 во Игри



Sony: Зголемените цени на PlayStation 5 немаат влијание врз побарувачката

Sony поради економски причини ја зголеми цената на PS5 на одредени пазари за 10%, односно од 500 на 550 евра за моделот со Ultra HD Blu-ray формат. Microsoft и Nintendo не ги покачија цените на Xbox Series S и X, но тоа најверојатно ќе се промени. 

Според информациите што Sony ги објавиле во текот на последниот финансиски извештај, поскапувањето досега не влијаеше врз продажбата на нивните конзоли од новата генерација. „Досега од поскапувањето не почувствувавме никаков пад на побарувачката, но мораме да следиме како ќе се движи ситуацијата на пазарот во иднина“, коментирал финансискиот директор на јапонската компанија Хироки Тотоки. 

Автор: Aleksandar Stankov