Amazon Anytime ќе му се спротистави на Facebook Messenger

Објавено на 17.07.2017 во Новости



Amazon Anytime ќе му се спротистави на Facebook Messenger

Amazon најверојатно развива сопствена апликација за допишување која треба да му се спротистави на Facebook Messenger но, и останатите десетици конкуренти како Viber, WhatsApp, Skype и многу други. 

Засега нема детали по што Amazon Anytime ќе се разликува од конкурентите, но може да се претпостави дека ќе има вградени функции за полесен шопинг онлајн како и пристап до мултимедијалните содржини на Amazon. 

Amazon Anytime треба да понуди и можност за аудио и видео поврзување, споделување на слики и видеа, како и додавање на стикери, филтри и гифови. 

Исто така се очекува големо внимание да биде посветено на безбедноста, па комуникацијата преку Amazon Anytime ќе биде заштитена со енкрипција. 

Конечната форма на Amazon Anytime засега се уште не е утврдена, па повеќе детали очекуваме наскоро. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}