Google и Renault склучија договор за развој на автомобилска софтверска платформа

Објавено на 09.11.2022 во Електричен погон



Google и Renault склучија договор за развој на автомобилска софтверска платформа

Со оглед на тоа што денешните возила имаат многу технологија, не е чудно што се почесто ги нарекува компјутери на тркала.

Во прилог кон тоа оди и фактот што се повеќе технолошки компании - од Google до Foxconn и Xiaomi, влегуваат на овој пазар со своја технологија или со развој на сопствени автомобили.

Google најави нова соработка со Renault, за развој на напредна софтверска платформа за идните возила. Новиот софтвер ќе се базира на новиот Google Android Automotive оперативен систем.

Автор: Aleksandar Stankov