Samsung со рекордни брзини во 5G мрежата

Објавено на 10.11.2022 во Новости



Samsung со рекордни брзини во 5G мрежата

Samsung Electronics ја тестираше својата мрежа во партнерство со компанијата NBN Co., која е дел од инвестицискиот план вреден околу 480 милиони долари. NBN применува софтверска обработка за да извлече максимум од 5G мрежата. 

За време на тестирањето, просечната брзина за преземање на податоци изнесувала 1,75 Gbps, додека просечната брзина за прикачување на податоци била 61,5 Mbps. Максималната брзина за преземање на податоци била 2,7 Gbps, со 10км оддалеченост од изворот, што е навистина импресивно. Samsung и NBN тврдат дека новото достигнување е важен чекор напред во 5G мрежата и во урбаните и во руралните места.