Илон Маск повторно продаде дел од своите акции на Tesla

Објавено на 10.11.2022 во Електричен погон



Илон Маск повторно продаде дел од своите акции на Tesla

Илон Маск продаде акции од производителот на електрични автомобили Tesla, во вредност од четири милијарди долари. Така пишува на документите што ги објави регулаторот за финансискиот пазар - SEC. Се уште не е јасно зошто го направил овој потег.

Неодамна за околу 44 милијарди долари ја купил социјалната мрежа Twitter, а купувањето со сопствени пари го финансирал со кредит од 13 милијарди долари. Враќањето на кредитот ќе ги чини Twitter и Маск околу милијарда долари годишно. Twitter дневно губи по 4 милиони долари, според зборовите на Маск, а со намалување на приходите од реклами, очигледно е дека доаѓа тежок период за компанијата, затоа и мораше да отпушти половина од вработените во Twitter.