Конечно, ова е популарната „Siri“, ја познавате ли?

Објавено на 19.07.2017 во iOs



Конечно, ова е популарната „Siri“, ја познавате ли?

Ја знаете ли Сузан Бенет? Таа е жената на која iOS корисниците секој ден и го слушаат гласот, но, никој не ја познава. Дамата што го позајмила гласот за Siri, е глумицата Сузан Бенет. Бенет сосема случајно почнала да се занимава со позајмување на гласот.

Очигледно е дека Бенет има продорен и убав глас, која работела на многубројни комерцијални џинглови досега. Прв пат во животот таа го позајмила својот глас за машина на Првата национална банка на Атланта. Понатаму продолжила со авиокомпанија, па гласовни пораки за малопродажни објекти, синхронизација за радио и телевизија, па со МекДоналдс, па Нисан, итн.

„Снимките што подоцна станаа првата верзија на Siri, всушност настанаа во јули, 2005 година, кога снимавме по четири часа дневно, пет дена во неделата“, објаснува Бенет.

Siri за прв пат е презентирана на 4 октомври, 2011 година, а Сузан и не знаела дека е токму таа со гласот што го одбрала компанијата Apple

„Дознав дури кога колегата ми испрати мејл, каде пишуваше `Хеј, си играме со новиот iPhone. Зарем не е тоа твојот глас?` Веднаш кликнав на сајтот на Apple за да проверам... Да, тоа навистина бев јас“, се потсетува Бенет.

Како што еволуираше iPhone, така еволуираше и гласот на Siri. Променети се сите првобитни гласови на Siri со iOS 7 системот. Многу луѓе не ја забележуваат разликата, но, за Сузан е очигледна. Актерката вели дека не планира да оди во пензија, затоа што работата со позајмување на глас ја обожава. Како ви се допаѓа вам гласот на Siri? За нас е мек и топол. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}