Директорот на Binance: „Мора да го направиме тоа како што треба, на стабилен начин“

Објавено на 15.11.2022 во Крипто



Директорот на Binance: „Мора да го направиме тоа како што треба, на стабилен начин“

Главниот извршен директор на компанијата за криптовалути, Binance - Чангпенг Жао, повика за нови и стабилни јасни правила за крипто-индустријата. Потребни ни се правила за да го направиме тоа како што треба, на правилен и стабилен начин, рекол Жао за време на G20 самитот во Бали.

Крипто индустријата во овој период се соочува со потешкотии. FTX , конкурентската компанија на Binance во петокот поднесе барање за банкрот, откако клиентите почнаа да го повлекуваат својот имот, а Binance се откажа од понудата за спасување.

„Мислам дека индустријата колективно има улога во заштита на потрошувачите, да ги заштити сите. Не се работи само за регулаторите. Тие имаат своја улога, но тоа не е 100% само нивна одговорност“, вели Жао. Тој објави дека Binance не прифаќа повеќе депозити од „FTT“ токенот на FTX и ги повика и другите берзи да го направат истото.