Прв поглед на Google Pixel Fold со реални 3D слики

Објавено на 15.11.2022 во Преклопни уреди



Прв поглед на Google Pixel Fold со реални 3D слики

Google Pixel Fold може сега да го погледнете во 3D рендери. Џон Просер го објави, но компанијата се уште официјално не го потврдува. Кодното име на Google за овој модел на смартфон е Project Passport и се очекува да се продава за 1,799 долари. 

Новиот преклопен смартфон на Google ќе биде со надворешен дисплеј како Pixel телефоните со 9.5MP камера со punch-hole и 9.5MP камера во горниот десен агол.

Кога ќе се расклопи телефонот ќе биде со 7.6-инчен внатрешен дисплеј кога ќе се отвори со 120Hz панел, произведен од Samsung. Надворешниот дисплеј ќе биде 5.8-инчи.

Google Pixel Fold се очекува да биде лансиран во мај 2023 година, за време на девелоперската конференција Google I/O.