Bixby на Samsung Galaxy S8 сега целосно разбира англиски

Објавено на 19.07.2017 во Новости



Bixby на Samsung Galaxy S8 сега целосно разбира англиски

Samsung Mobile го стартуваше пласманот на Bixby гласовниот асистент за Galaxy S8 моделите кој сега целосно разбира англиски јазик и по повеќемесечните тестирања функционира како што е замислено. 

Bixby стартуваше во домашната Јужна Кореја и имаше потешкотии да го усоврши системот за асистенција на корисниците на англиски јазик, но сега од Samsung Mobile ветуваат дека апликацијата работи беспрекорно и е достапна во САД за потоа да биде лансирана и глобално. 

Bixby е виртуелен дигитален персонален гласовен асистент со слични функции како Cortana за Windows, Siri за iOs и Google Now за Android, па ќе чекаме повеќе резултати за да видиме како работи во однос на конкурентите, со тоа што секако има простор за доусовршување на вештачката интелигенција за која е потребна поголема база на корисници.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}