Нова социјална мрежа сака да ги привлече незадоволните корисници од Twitter (Маск)

Објавено на 22.11.2022 во Новости



Нова социјална мрежа сака да ги привлече незадоволните корисници од Twitter (Маск)

Со преземањето на Twitter од Илон Маск и хаосот што следуваше после тоа, останаа одредени последици. Дел од корисниците најавија бришење на профил од оваа мрежа и свртување кон алтернативи. Засега бројката е мала и ситуацијата со текот на времето се смири, но не е познато дали долгорочно ќе се смират одредени последици од овој хаос во социјалната мрежа.

Многу корисници доброволно ја напуштаат мрежата на Илон Маск. Една од социјалните мрежи што сака да го предизвика Twitter е - Post. Интересна е социјалнава мрежа поради нејзиниот основач, поранешниот извршен директор на Waze, Ноам Бардин. Тој го замислува Post како пристојно место за дебатирање на идеи, учење од експерти, новинари, индивидуални креатори и друго. Големата замисла е да биде место за слободен разговор и забава.