Сите што имаат iPhone, веднаш да го апдејтуваат iOS

Објавено на 20.07.2017 во iOs



Сите што имаат iPhone, веднаш да го апдејтуваат iOS

Сите iPhone корисници се во опасност поради опасен хакерски напад во iOS. Следствено на тоа Apple објави безбедносна надградба за оперативниот систем и затоа ги советува сите корисници итно да го надградат својот iOS. Хакерите преземаат контрола над iPhone-те преку WiFi мрежата, при што, ако ја инсталирате надградбата, ќе бидете вон опасност.

Најзагрозени телефони биле сите модели од iPhone 5 do iPhone 7, iPad 4 и поновите серии и iPod 6. Новата iOS 10.3.3 закрпа содржи и многу други поправки за пропустите во апликациите за контакти, пораки, прелистувачот Safari и системот за известување.

Аналитичарите откриваат дека преку WiFi чипот хакерите пристапуваат кон телефоните од други локации, во моментот кога со телефонот барате WiFi сигнал за поврзување. Се разбира, ова е само уште еден обид на хакерите да ги зграпчат личните податоци на корисниците. За среќа, Apple брзо реагираше и со тоа спречи големи штетни последици.





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}