Infinity Display и скенер за отпечатоци во екранот на идниот Galaxy S9!?

Објавено на 21.07.2017 во Новости



Infinity Display и скенер за отпечатоци во екранот на идниот Galaxy S9!?

Samsung Galaxy S9 ќе биде претставен после Galaxy Note 8, кој исто така не е се уште презентиран официјално пред јавноста. За Note 8 во медиумите веќе има прилично информации за неговите спецификации, затоа аналитичарите сметаат дека е време да почне да се зборува за деветката од S линијата.

Интригантна вест е тоа што Galaxy S9 и S9+ ќе имаат Infinity Display со минимизирана рамка и максимизиран дисплеј од 5.8 и 6.2 инчи, рабовите ќе бидат заоблени и ќе има вграден сензор за отпечатоци на прсти во самиот екран.

Samsung наводно веќе го тестира прототипот S9 со екраните од Galaxy Note 8. Некои велат дека iPhone 8 ќе биде без ваков скенер, што во иднина би било голем плус за Samsung како иновативна компанија.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}