Жена со 100 iPhone телефони на телото за „шверц-комерц“

Објавено на 21.07.2017 во Новости



Жена со 100 iPhone телефони на телото за „шверц-комерц“

Кинескиот аеродром имал интересно искуство со жена што сакала да шверцува 100 iPhone телефони. Жената била сомнителна во моментот кога царинските работници сфатиле дека има тело со чудни пропорции. Прво помислиле дека станува збор за жена што има проблем со телесната тежина, но наскоро откриле дека станува збор за „шверц-комерц“.

Шверцерката успеала да смести 100 iPhone телефони и 15 луксузни часовници во телото, за да ги пренесе илегално од Кина во Хонг Конг. И покрај рекордниот број на телефони, жената на која името не и се открива, не е рекордер во обидот за шверцување, затоа што пред 2 години мажот што бил сопрен на царината, имал залепено дури 146 iPhone-и.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}