Илон Маск најави повторно отварање на затворени Twitter профили, но со услов

Објавено на 25.11.2022 во Новости



Илон Маск најави повторно отварање на затворени Twitter профили, но со услов

Илон Маск вчера на Twitter претходно ја напиша латинската поговорка за Денот на благодарноста „Vox Populi, Vox Dei“ (Гласот на народот е гласот на боговите). Во анкетата што ја постави Маск на Twitter за амнестија на затворени профили, корисниците гласаа да се вратат профилите, под услов да не го кршат законот и да не користат скандалозни спамови.

Анкетата за враќање на укинатите Twitter профили, Маск ја покренал за враќање на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател. Маск смета дека Twitter е платформа со јавен форум, што е важно за демократијата во светот.