Android повторно во опасност од малверот GhtostCtrl

Објавено на 22.07.2017 во Android



Android повторно во опасност од малверот GhtostCtrl

Речиси секој нов ден имаме ситуација со нова верзија на малвер, спајвер или некои слични измамници што се обидуваат на секаков можен начин да ги извлечат парите од џепот на корисниците. Се разбира, хакерите секогаш наоѓаат начин, а оперативните системи мора да се закрпуваат и да се лансираат нови верзии со цел да се зголеми безбедноста на интернет.

Android оперативниот систем овој пат е на мета, открива безбедносната компанија Trend Micro. Аналитичарите тврдат дека има нова и многу опасна верзија на малвер за Android - GhostCtrl. И тоа не е само една, туку три верзии на малвер, кои ги загрижуваат и експертите, затоа што многу лесно може да влезат во Android, симулирајќи инсталација на некоја нативна и верификувана апликација. Измамата може на пример да ја изведе со тоа што ќе ви напише дека ја инсталира WhatsApp

GhtostCtrl ни е познат од порано, но изгледа дека хакерите сега повторно го ажурирале и подобриле, за да можат да влезат во вашиот телефон. Ако сакате да се заштитите, внимавајте да не се инсталираат непознати апликации на телефонот и инсталирајте ја најновата верзија на Android.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}