500 милиони броеви од WhatsApp корисници протекоа на интернет

Објавено на 28.11.2022 во Новости



500 милиони броеви од WhatsApp корисници протекоа на интернет

На хакерските форуми се продаваат информации за речиси 500 милиони корисници на WhatsApp, што е околу една четвртина од вкупниот број на корисници. Конкретно станува збор за телефонски броеви, а според безбедносните експерти, податоците се од вистински корисници со вистински броеви од WhatsApp.

Се разбира, хакерите секогаш сакаат брзи пари и така крадат податоци, па потоа ги продаваат на dark web. За броевите на американските корисници бараат 7 илјади долари, за корисниците во Велика Британија бараат 2500 долари. Во базата се наоѓаат броеви на корисници од 84 земји.