Илон Маск е оптимист, бројот на Twitter корисници ќе надмине милијарда

Објавено на 28.11.2022 во Новости



Илон Маск е оптимист, бројот на Twitter корисници ќе надмине милијарда

Twitter е популарна социјална мрежа, но бројот на корисници не може да се мери со бројот на корисници на Facebook, Instagram или TikTok. Бројот на дневно активни корисници во вториот квартал оваа година изнесува 238 милиони, додека бројот на месечно активни корисници околу 450 милиони.

Илон Маск менува многу нешта во Twitter, па врз основа на тоа би можеле да претпоставиме дека ќе направи се за да го зголеми бројот на корисници значително. Тој е оптимист и се верува дека инвестициите во оваа социјална мрежа двојно ќе се зголемат од она што го плати за купувањето.

На својот Twitter профил објавил статистички податоци, со кои што се утврдува дека оваа недела бројот на активни корисници пораснал за 66%  во споредба со претходната недела. Дневно на мрежата биле активни 2 милиона корисника.