Директорот на Volkswagen очекува автономни возила на патиштата до 2030г.

Објавено на 28.11.2022 во Електричен погон



Директорот на Volkswagen очекува автономни возила на патиштата до 2030г.

Германскиот гигант Volkswagen вложува многу во електрификација на возилата и автономната технологија. Тешко е да се предвиди кога ќе стигнеме до таквата технологија. Volkswagen прогнозираат дека до 2025 година во Хамбург ќе се отвори такси сервисот, кој се тестира во Хамбург и во Минхен. 

Основа на такси сервисот ќе биде моделот ID.Buzz, кој веќе предизвика голем интерес кај корисниците, кој што наскоро излегува во продажба. На купувачите веќе нема да им бидат достапни автономните модели, туку VW за такси сервисот ќе има прилагодени возила со имплементирана автономна технологија. Според визијата на извршниот директор на компанијата, Томас Шефер, веќе до 2030 година можеме да очекуваме голем напредок во овој сегмент.