Преглед на Samsung Galaxy S23: Што очекуваме од следниот Galaxy

Објавено на 29.11.2022 во Android



Преглед на Samsung Galaxy S23: Што очекуваме од следниот Galaxy

Веќе речиси сите спецификации се познати за следниот предводник на Samsung, само што не се официјално потврдени од Samsung Electronics. Од новиот Samsung Galaxy S23 очекуваме да има Snapdragon 8 Gen 2 процесор со 10% - 20% подобрени перформанси, нов дизајн во стилот на S22 Ultra, подобрувања кај камерата и подобра батерија.

Моменталниот стандард за телефоните е нивното пристигнување во тенка кутија, каде што е сместен само телефонот, дата кабелот и малата алатка за отварање на влезот за SIM картички. Galaxy S23 се очекува да пристигне во февруари, без слушалки и без полнач. Во основа, S23 изгледа како еволуција на S22 моделот, со мала испакнатина поради зголемената батерија позади. За камерата се вели дека ќе биде со 50MP + 12MP + 10MP.

Автор: Aleksandar Stankov