Хаосот во Foxconn може предизвика недостаток од 6 милиони iPhone-и

Објавено на 29.11.2022 во Новости



Хаосот во Foxconn може предизвика недостаток од 6 милиони iPhone-и

Foxconn се уште е во хаос, кој што може да предизвика проблем со производството на iPhone 14 Pro. Фабриката наводно има капацитет за производство на половина од договорената количина на нови iPhone телефони од моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Нормално, ова може да предизвика голем недостаток на телефони за продажба. Пандемијата годинава може да го остави Apple со недостаток од 6 милиони телефони iPhone 14 Pro и Pro Max. Медиумите коментираат дека Foxconn платил на 20,000 работници за да го напуштат објектот поради пандемијата.





Прочитајте повеќе: