iPhone 15 ќе биде „вооружен“ со најновиот и најдобриот Sony сензор

Објавено на 29.11.2022 во iOs



iPhone 15 ќе биде „вооружен“ со најновиот и најдобриот Sony сензор

Имаме уште многу време додека да излезе следниот Apple iPhone 15, а во меѓувреме протекуваат нови информации за камерата. iPhone 15 би можел да го вгради новиот сензор на Sony, кој ќе биде најдобар на пазарот.

Новиот извештај на Nikkei Asia (via 9to5Mac) тврди дека Sony развива нов сензор за камера, кој двојно го зголемува сигналот за ниво на сатурација. Што значи тоа? Во споредба со моменталните сензори, новите сензори ќе апсорбираат двојно повеќе светлина. Теоретски, ова ќе му помогне на сензорот да ја намали бучавата и ќе го подобри динамичкиот опсег.