Pininfarina направи футрола за iPhone, само 99 има во цел свет

Објавено на 30.11.2022 во iOs



Pininfarina направи футрола за iPhone, само 99 има во цел свет

Pininfarina е позната дизајнерска компанија за автомобили, која што овој пат дизајнирала Inkar x Pininfarina маска  за iPhone и планира да произведе само 99 парчиња во светот. Инспирација добиле од автомобилот Pininfarina Modulo, вистинска икона на концептен автомобил, кој што ги најави новите супер автомобили со своите остри дизајнерски линии. 

Секоја од сите 99 маски има изгравиран сериски број и изработена е од врвни материјали, кожа од автомобил Pininfarina. Нарачателот може да одбере од пет бои: две кожни леќи и 10 подложни плочи од кожа, природно дрво, карбонски влакна или алуминиум.

Дизајнерот Паоло Лугаро од Pininfarina, дизајнирал iPhone маска во рок од две години. Сите достапни футроли ќе бидат соодветни за  iPhone 13 Pro и 14 Pro и ќе бидат со цена од 10.000 до 12.000 долари.