Scania прва во Европа со автономни возила испорачува комерцијална роба

Објавено на 01.12.2022 во Електричен погон



Scania прва во Европа со автономни возила испорачува комерцијална роба

Возејќи низ автопатиштата, возачот внимава на автопатот, но нема раце на воланот. Камионот вози сам. Шведскиот производител на камиони Scania, не е единствен што произведува автономни возила. Тој е прв во Европа што применува испорака за комерцијални цели. 

„Ја преземаме робата и ја пренесуваме од точка А до точка Б, целосно автономно“, изјавил Питер Хафмар за AFP, раководител во одделот за автономни решенија во Scania.

Во пилот проектот, самостојниот камион вози 300 километри во јужна Шведска, доставувајќи брза храна. Возилото од надвор изгледа како и секој друг камион, но на кровот има вградени камери и два сензора. 

Автор: Aleksandar Stankov