Xiaomi го презакажа лансирањето на Mi 13 серијата

Објавено на 02.12.2022 во Android



Xiaomi го презакажа лансирањето на Mi 13 серијата

Mi 13 серијата на смартфони ќе бидат неверојатни модели на Xiaomi. Xiaomi најави дека ќе новата серија излегува на 1 декември, но очигледно е дека го презакажа настанот. Лансирањето на новите Mi 13 и Mi 13 Pro е одложено од непознати причини, но и датата останува непозната.

Xiaomi објави на Weibo дека жали за тоа што го одложува настанот и дека ќе ги извести фановите веднаш штом ќе ја одреди датата на настанот. Xiaomi не коментираше никакви детали. Аналитичарите очекуваат Mi 13 и Mi 13 Pro да излезат во јануари 2023, со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, AMOLED LTPO дисплеј, поддршка до 100W полнење преку кабел и 50W безжично полнење.