Galaxy Z Flip може да добие голема надградба на екранот во 2023
Објавено на 02.12.2022 во Преклопни уреди
Имаме уште многу време додека Samsung да ги лансира следните преклопни смартфони, некаде во периодот од август до септември, 2023 година. Galaxy Z Flip 5 може да добие голема надградба со внатрешниот и надворешниот екран.
Аналитичарот за дисплеи, Рос Јанг, предвидува дека Z Flip линијата пристигнува со зголемен 3-инчен надворешен дисплеј, што е речиси двојно зголемување доколку го земеме во предвид 1.9-инчениот екстерен дисплеј на Galaxy Z Flip 4. Зголемениот екран ќе овозможи и нови функционалности, така што ќе добиете поголем преглед на известувањата, и дополнителни опции. Новите подобрувања ќе бидат и во механизмот на Z Flip, така што другите промени нема да бидат видливи за окото на корисникот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.