Apple iPhone чиповите од 4nm ќе се произведуваат во САД

Објавено на 03.12.2022 во iOs



Apple iPhone чиповите од 4nm ќе се произведуваат во САД

Соништата на оние што сакаат „Произведено во САД“ ќе се реализираат. iPhone чиповите најверојатно ќе се произведуваат во САД, а TSMC ќе произведува 4nm процесори за Mac, iPad, iPhone и други производи во фабрика во Аризона, вредна 12 милијарди долари. 

Фабриката моментално е во изградба и се планира да биде пуштена во употреба во 2024 година, што значи дека следните генерации на iPhone и iPad нема да бидат со американски чипови. TSMC сакал да почне да ги прави дури и 5nm процесори во оваа фабрика, но не можел да одговори на побарувачката од американските компании за чипови од највисоката класа.