Apple планира да му нанесе удар на Samsung

Објавено на 24.07.2017 во Новости



Apple планира да му нанесе удар на Samsung

Apple размислува повеќе да не одвојува стотина милиони долари годишно од својот буџет и наместо да набавува веќе изработени OLED екрани од Samsung да се обиде самиот да ги произведува од следната година, секако со тоа што ќе купи неколку линии за производство во Кина.

Ако овој бизнис потег биде оперативно успешен Apple драстично ќе ја намали зависноста од страна на надворешните добавувачи, ќе има целосна контрола над производствениот процес, а со тоа и на дистрибуцијата и секако цената.

Годинава Samsung ќе биде еден од главните добавувачи на Apple за OLED екраните кои за прв пат ќе се користат за iPhone 8 и долго време има шпекулации дека производството доцни без конкретно да се наведат вистинските причини.

Автор: Ljupco Aleksovski


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}