FBI предупредува: Кина би можела да го злоупотреби TikTok

Објавено на 06.12.2022 во Новости



FBI предупредува: Кина би можела да го злоупотреби TikTok

TikTok ги загрози сите лидери на пазарот на социјалните мрежи, како што се Facebook и YouTube. Бројот на корисници на мрежите на Цукерберг и понатаму расте, но популарноста на TikTok како да никна како печурка одеднаш. Тоа не е само опасност за Марк Цукерберг, туку за цел запад.

Така смета директорот на ФБИ, Крис Реј, кој и порано зборуваше дека TikTok е контролиран од кинеската влада, која што „не ги поддржува нашите вредности“. Тој става акцент на тоа што кинеската влада управува со алгоритам за препораки на таа социјална мрежа, што значи дека може да манипулираат со содржина и да го искористат за „операција на влијание“ и така да злоупотреби лични податоци на корисници.