Galaxy S23 добива 25% подобрување со 8K снимањето

Објавено на 09.12.2022 во Новости



Galaxy S23 добива 25% подобрување со 8K снимањето

Популарниот ликстер Ice Universe (@UniverseIce на Twitter) тврди дека Galaxy S23 серијата значително ќе го подобри видео снимањето на следните уреди. Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra ќе бидат со опција за снимање во 8K@30fps резолуција, што е за 25% подобрување во споредба со 8K@24fps, која што ја поседува Galaxy S22 серијата.

Со тоа што ќе бидат во можност да снимаат 8K видеа со подобра фрејм рејт, ќе се отстрани замаглувањето. Така ќе добиете уште подобар кинматографски ефект, што се применува за креативни цели, но имајќи ја 30fps видео-снимање опцијата, се додава друга можност за ентузијастите со Galaxy S23. Snapdragon 8 Gen 2 процесорот ќе ја оспособи Galaxy S23 серијата за поддршка до 8K 30fps или 4K 120fps видео снимање.