Вселенскиот телескоп Џејмс Веб урна уште еден вселенски рекорд
Објавено на 13.12.2022 во Вселена
Официјално е потврдено дека телескопот Џејмс Веб (James Webb - JWST) ја откри најоддалечената и најстарата галаксија. Светлоста што патувала над 13,4 милијарди години за да стигне до нас, потекнува од најраните и најоддалечените галаксии откриени досега.
Долгите спектроскопски набљудувања на JWST се толку детални, што истражувачите може да ја измерат оддалеченоста на светлоста што ја надминала таа галаксија и може да открива нејзини својства. „Прв пат ги откривме галаксиите на 350 милиони години после Биг Бенг и можеме да бидеме сигурни во нивните фантастични оддалечености. Да се пронајдат вакви историски галаксии на толку убави слики е посебно искуство“, вели астрономот Брент Робертсон, од калифорнискиот универзитет Санта Круз.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.