Први неофицијални детали за моќникот Samsung Galaxy S23 Ultra

Објавено на 14.12.2022 во Android



Први неофицијални детали за моќникот Samsung Galaxy S23 Ultra

Samsung Galaxy S23 Ultra се очекува да пристигне со 6,8 инчен екран со резолуција од 3088 x 1440 пиксели, Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 8GB / 12GB RAM меморија и 256GB, 512GB и 1TB простор за внатрешна меморија. Камерата ќе биде со главен сензор од 200MP , плус 12MP широко-аголна камера, 10MP камера со 3х зум и 10MP камера со 10x зум. 

Капацитетот на батеријата ќе биде 4855mAh, со сензор за отпечатоци вграден под екранот. Димензиите на уредот изнесуваат 163,4 x 78,1 x 8,9мм, со тежина од 233 грами. Ultra ќе биде најмоќниот дел од оваа серија, а со него ќе излезат S23 и S23 Plus. Од Samsung се очекува да ги лансира кон крајот на февруари.