Нови информации за најмоќниот iPhone, цената ќе биде превисока

Објавено на 15.12.2022 во iOs



Нови информации за најмоќниот iPhone, цената ќе биде превисока

Застојот во Кина поради пандемијата лошо ќе влијае врз производството и пордажбата на iPhone. Проблем е намалената понуда на iPhone 14, а компанијата веќе работи и на неговиот наследник.

Станува збор за iPhone 15 Ultra, кој што би требало да го замени Pro Max моделот и ќе биде најмоќен, но и најскап модел досега. Според последните информации објавени на мрежата, цената на овој модел би требало да биде дури за 200 долари поголема од iPhone 14 Pro Max моделот. Според тоа, почетната цена на најмоќниот модел ќе биде 1300 долари, а најскапата 1800 долари.